Зошто водата и сапунот се најдобро средство за заштита од вируси?

150

Лекарот Игор Беречки од Клиничкиот медицински центар во Осиек објаснил зошто е подобро да се користи сапун и вода од средствата за дезинфекција на рацете со цел да се спречат зарази, пренесува Пословни дневник.

На прашањето зошто топлата вода и сапунот се подобра дезинфекција на рацете од геловите, лекарот одговара: “Водата и сапунот ги мијат рацете, што значи дека од кожата симнуваат сè што се наоѓа на нејзе и микроорганизми и нечистотии, како и стари клетки на кожата што се ‘храна’ за микроорганизмите“.

Според него, со нанесување на гелот на рацете ништо не се брише, туку само по кожата се размачкуваат истите бактерии и вируси и често се “туркаат“ уште подлабоко во порите.

Тоа значи дека најпрво мора да се измијат рацете со вода и сапун, па да се избришат, а дури потоа да се стави било каков гел за дезинфекција.

Лекарот додава дека таканаречените “антибактериски“ сапуни не уништуваат ниту една бактерија повеќе од сапуните на коишто не стои таа ознака.

Фото: Pexels