10 најбогати хрватски претприемачи

422

Предводник на листата хрватски милијардери е Бранко Роглиќ, сопственик на најголемата дистрибутерска компанија во Европа, Orbico. Неговото богатство се проценува на 2,3 милијарди евра.

Втор најбогат во Хрватска, според тамошните медиуми, е Павле Вујновац, газда за ENNA Group од Вуковар, во чиј состав е Prvo plinarsko društvo , косопственик е на Pevex и Petrokemija. Неговото богатство се проценува на 1,18 милијарди евра.

Трет најбогат Хрват е Иван Чермак, сопственик на нафтената компанија Crodux со 820 милиони евра. Зад него е Анте Влаховиќ, кој е на најголем поединечен акционер во Adris group, а располага со богатство од 794 милиони евра.

Втората “петорка“ ја почнува сопственикот на Atlantic group, Емил Тедески со исто богатство како и Влаховиќ. Шести најбогат во Хрватска е сопственикот на концернот Agram, кој располага со околу 629 милиони евра. Седмото место им припадна на косопствениците на Infobip, Силвио Роберт Кутиќ и Изабел Јелиниќ. Осми е Миле Ќурковиќ, сопственик на Plodina со околу 578 милиони евра.

Претпоследен на листата 10 најбогати во Хрватска е Стипо Матиќ, сопственик на M SAN Group со богатство од 565 милиони евра, а последни се тројцата браќа Пивац, кои освен месната индустрија од неодамна се сопственици и на Краш. Нивното богатство се проценува на 444 милиони евра.

Фото: Pixabay