100% покриено боледувањето од Ковид-19

65

Одлуката да биде целосно покриено боледувањето на оние кои се болни од Ковид-19 важи и за јавната администрација и за приватниот сектор, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пренесува МИА.

“Кога велиме дека ќе користат боледување и дека 100 процентно ќе биде покриено тоа значи дека Фондот го презема товарот. Значи, остануваат законските одредби – 15 дена работодавачот, после тоа, законската обврска ја презема Фондот“, појасни Битиќи.

Прашан дали ќе има кратење на примањата на вработените во јавната администрација поради тоа што таа работи онлајн, вицепремиерот Битиќи рече дека има ротации во работењето на администрацијата, но тоа не значи дека тие вработени не се на работа, туку дека работат и од дома онлајн.

“Мислам дека треба полека да го менуваме односот кон администрацијата. Не треба да се однесуваме дискриминирачки кон нив. Тоа се наши сограѓани и тие не се имуни на Ковид-19 за да кажеме дека одредено право не важи за нив. Точно е дека има ротација, но и тогаш, тие работат од дома“, нагласи Битиќи.

Фото: Pixabay