12 земји од ЕУ ги усогласија критериумите за издавање зелен пасош

49

Вкупно 12 земји членки на Европската унија постигнаа договор околу критериумите за издавање на таканаречен зелен пасош, којшто во време на пандемија ќе го олесни протокот на туристи.

“Наша цел е зелениот пасош брзо и со едноставен облик да почне да се применува на ниво на ЕУ“, изјави Елизабет Костингер, австриска министерка за туризам. Таа рекла дека станува збор за “прашање за опстанок на европскиот туризам“.

Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија на крајот на март договорија седум критериуми за издавање на зелен пасош којшто би требало да се почне да се користи до почетокот на јуни.

“Зелениот пасош преку QR код веднаш дава информации за тоа дали носителот е вакциниран, тестиран или прележал Ковид-19. Со тоа се овозможува едноставна и практична примена на подрачјето на ЕУ: Од чекирање на аеродром до посета на селска гостилница“, рекла австриската министерка.

Таа нагласи дека сака да се избегне овој вид на документ како еден вид притисок за вакцинирање.

Следна цел е ускладување на зелените пасоши со трети земји.

Фото: Pexels