13,37 милиони евра за поддршка на малите и средните претпријатија

34

4B71EE5693A219459B388BFA2CC13CA9Годинава Владата на Република Македонија преку Министерството за економија ќе донира 13,37 милиони денари како поддршка за малите и средните претпријатија.

Малите и средните претпријатија преку Програмата за поддршка ќе ја зајакнуваат конкурентноста, претприемништвото и иновациите. За сето тоа ќе бидат издвоени за 50% повеќе средства од минатата, кога за истата намена беа одвоени 8,5 милиони денари.

“Новата Програма за поддршка на малите и средните претријатија ја усвои Владата на последата седница и со неа е предвидена директна поддршка на вкупно 15 мерки. Прв пат се предвидува со 500.000 денари да се поддржат компаниите кои планираат да воведат ХАЛАЛ систем, а средствата ќе бидат наменети за да се обезбеди техничка помош и консултантски услуги”, изјави министерот за екомонија Ваљон Сарачини на денешната прес-конференција.

Министерот додаде дека доколку се оцени дека има поголем интерес за имплементација на ХАЛАЛ системот, може да се направи пренамена на средства од некоја друга група, со оглед на тоа дека досега само седум компании го имаат воведено овој систем во Македонија.

“За прв пат се планирани и финасиски средства за организирање бизнис натпревар Биди перспективен, започни свој бизнис со кој планираме да ги мотивираме студентите да аплицираат со свои бизнис идеи”, истакна Сарачини.

Тој нагласи и дека средствата од Програмата ќе бидат искористени и за финансиска поддршка на бизнис инкубаторите, бизнис центрите, проектите за промоција на занаетчиството, ХАСАП системот, за надомесување на дел од трошоците за воведување ИСО стандарди, за промоција на бизнис ангелите, за финасиска поддршка на женското претприемништво и на автентични занаети, како и за надоместување на дел од трошоците за развој на нови производи или за подобрување на постојниот производ, за воведување еколошка ознака на производ, за развој на пазар, за поддршка на патенти и за поддршка на проекти од кластерските здруженија.

“Критериумите за доделување средства за сите 15 мерки, од 14 јануари ќe можат да се видaт на веб-страницата на Министерството за економија, а кон средината на месецов во соработка со УСАИД официјално ќе биде промовирана и новата веб-страница на која на едно место ќе може да се најдат сите програми за подобрување на конкурентноста на претпријатијата”, рече Сарачини.