Кинеските компании што се во државна сопственост во јуни првпат по пандемијата што ја предизвика коронавирусот остварија раст на профитот и приходите во однос на истиот период лани, соопшти тамошното Министерство за финансии.
Во јуни приходите на државните компании се зголемија за 7,1%, а профитот порасна за 6% во споредба со истиот период лани.
Профитот на компаниите во државна сопственост во првите шест месеци од оваа година изнесуваат 1,12 милијарди јуанри што е за 38,8% помалку во однос на истиот период лани, пренесува China radio international.
Кина посебно внимание ќе посвети на тригодишниот акционен план за реформа на државните компании заради промовирање на висококвалитетен раст и развој заснован на иновации.
Фото: Freepik











