Зголемен прометот во индустријата во октомври

17

Прометот во индустријата во октомври оваа година, во споредба со истиот период лани, е зголемен за 8,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2015, во однос на октомври 2014 година, бележи опаѓање од 3,4%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,3%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст од 4,4%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,3%.

Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,8%, Капитални производи за 10,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 89,6%.

Прометот во индустријата во октомври 2015 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 2,2%, додека во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на периодот јануари – октомври 2014 година, порастот е 9%.