Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември на месечно ниво се пониски за 0,1%, додека на годишно ниво се помали за 4,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во ноември 2015, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски само во групата Енергија за 0,5%.
Во ноември 2015, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5% и Капитални производи за 0,2%.