Македонијатурист за 2016 планира добивка од 144,8 милиони денари

33

makedonija-turist-580x162

Акционерското друштво Македонијатурист проектираше добивка од редовно работење за 2016 година во висина од 144.860.808 денари, покажува бизнис планот објавен на Македонска берза.

“За идната година проектирано е друштвото да оствари раст на вкупните приходи од 2% и вкупните трошоци да се намалени за 2% во однос на претходната година, а кое секако зависи од и е во директна корелација и со планираните вкупни приходи, притоа водејќи сметка и за рационализацијата на нематеријалните трошоци онаму каде за тоа постои реална можност“, стои во бизнис планот.

Планираните инвестиции за тековно и инвестиционо одржување, како што се наведува, се на пониско ниво од претходната година и истите се планирани со помал обем со оглед на тоа дека неколку крупни зафати се завршени во изминатите години.