Automist smartscan – автоматски систем што водата ја насочува директно кон пожарот

41

automist slika

Automist Smartscan претставува автоматски противпожарен систем што го детектира пожарот во затворен простор и млазот вода го насочува директно кон местото зафатено со огнот.

Ова решение се базира на таканаречениот спринклер систем, за автоматско гаснење на пожар со распрскувачки млаз на вода под притисок, но со подобрени перформанси.

automist detektor

Вообичаено, уредот за распрскување на водниот млаз под притисок е монтиран на таванот, што не е случај со Automist Smartscan, бидејќи тој се наоѓа на еден од страничните ѕидови на просторијата. Детекторот за пожар е поставен на таванот од просторијата и заедно со автоматизираниот систем на ѕидот го скенираат просторот, го детектираат опожареното место и потоа ја активираат пумпата за гаснење.

Овој систем е поинаков и по тоа што може да препознае кога е изгаснат пожарот и да запре со прскањето, со што се заштедува значителна количина на вода, а и просторијата од одредени дополнителни оштетувања.

automist golema

Зад неговиот дизајн стои компанијата Plumis, чии основачи се дипломирани студенти од Royal College of Art во Велика Британија.

Системот во овој момент се тестира во својата матична земја и во САД, а ако покаже добри резултати ќе биде одлична алтернатива на постоечките спринклер системи.