Шест хрватски компании добија зелено светло за извоз во Русија

38

VindijaШест хрватски компании добија одобрување за извоз на своите месни и млечни производи на паразот на Руската Федерација од надлежните руски служби, соопшти хрватското министерство за земјоделство.

Право на извоз во Руската Федерација остварија два објекти на Виндија и по еден на ПИК Врбовец, Беље, Кока и Перутнина Птуј – Пипо.

Станува збор за хрватски компании кои, освен што во потполност ги задоволуваат критериумот на хрватското, односно европското законодавство, ги задоволуваат и многу строгите критериуми на Царинската унија. Успехот е уште позначаен ако се земе во предвид дека земјите членки на Европската унија, чии компании сакаат да извезуваат на овој голем и атрактивен пазар, минуваат значително долг пат на исполнување на услови, стои во соопштението.