Канцелариски столчиња на Nissan што сами се “паркираат” на нивното место

107

nissan stolcinja

Јапонскиот производител на автомобили Nissan дизајнираше канцелариски столчиња, коишто самостојно се паркираат до работната маса, пишува Engadget.

Доволно е еднаш да се плесне со рацете и овие футуристички столчиња се враќаат на првобитната позиција, со што го расчистуваат нередот што вообичаено се прави во поголеми канцелариски простории.

nissan stolcinja 1

Од Nissan велат дека станува збор за модифицирање и модернизирање на постоечките Okamura столчиња. Нив ги следат четири камери поставени на ѕидовите во канцеларијата и истите симултано се контролираат преку Wi – Fi.

Но, не се очекува дека наскоро овие канцелариски столчиња ќе се најдат на пазарот. Најверојатно станува збор за кампања за промоција на автомобилите на Nissan со инсталирана паметна технологија за паркирање.

nissan stolcinja 2