Мешовитата комисија за економска соработка меѓу министерствата за економија на Македонија и Словачка денеска ќе ја одржи првата седница, пишува Миа.
Комисијата е формирана врз основа на Меморандумот за разбирање за економска соработка на двете министерствата.
На седницата со македонската страна ќе претседава заменик министерот за економија Христијан Делев, а со словачката, неговиот словачки колега Растислав Чованец.
На седницата е предвидено потпишување протокол за соработка.