Агромеханика со загуба од 2,3 милиони денари ја заврши минатата година

38

agromehanika-300x119

Акционерското друштво Агромеханика од први јануари до 31-ви декември минатата година прикажа загуба од 2.380.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Загубата на компанијата, истиот период во 2014 година, беше на ниво од 499.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година изнесуваа 9.764.000 денари, додека една година претходно 16.910.000 денари.

Компанијата, според податоците од Македонска берза, се занимава со издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.