Технокомерц во текот на 2015 година направи вкупна сеопфатна добивка од 8.511.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 4.494.000 денари.
Приходите од продажба на Технокомерц, во период од први јануари до 31-ви декември, беа на ниво од 169.317.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 105.892.000 денари.
Компанијата работи со внатрешна и надворешна трговија: со резервни делови за товарни и полутоварни возила, автобуси, градежна и рударска механизација, гуми за возила, индустриски производи, црна и обоена индустрија и друго.