Градски трговски центар (ГТЦ) прикажа вкупна сеопфатна добивка од 2.582.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех за 2015 година, објавен на Македонска берза.
Една година претходно, ГТЦ работеше со добивка од 2.158.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година достигнаа 212.353.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 215.045.000 денари.