Робот – фармер ќе се грижи за пасиштата и овците

52

robot farmer

Британските инженери од компанијата Ibex Automation разработија роботизиран помошник кој ќе им помага на фармерите. Роботот може да маневрира по нерамен терен околу овците и кравите, а по потреба може да уништува и плевел.

Роботот се ориентира во дадена околина преку програма и сензори, а може да се спушта по стрмнини од 45 степени. Роботот самостојно избира оптимални правци и обезбедува видео надзор. Апаратот со акумулатори може да работи цело деноноќие далеку од својата база.

“IBEX е првиот земјоделски робот дизајниран да се справи со екстремни земјоделски средини како фармите во Јоркшир. Со цел концептот да излезе надвор од универзитетските лаборатории и да ги надмине ограничувањата на мобилност по терените, го дизајниравме и го изградивме IBEX според воени стандарди, да оди онаму каде што не можат да одат други возила и да се справи со реални проблеми со кои се соочуваат многу земјоделци во Велика Британија”, вели во соопштението д-р Чарлс Фокс, проект менаџер.

Теренските испитувања веќе се почнати, а ќе траат до крајот на годината.