Отворена прва линија за производство на LED телевизори во Хрватска

65

Picture8

Хрватската компанија M SAN Grupa ја прошири веќе постоечката линија за производство на LED телевизори од сопствената марка Vivax и започна со производство на LED екрани во погон во Загреб. Ова е прва производна линија од ваков вид во Хрватска, стои во соопштението на компанијата.

Капацитетот на производната линија е 180.000 парчиња годишно, а главен пазар на овие телевизори ќе бидат Хрватска и земјите од Европската унија.

“M SAN Grupa веќе три години успешно произведува LED телевизори од 22“ до 48“. Оваа година производството се шири и на телевизори со дијагонала 55 и 65 инчи”, вели Катарина Халар, продукт менаџер.

Претходно Vivax телевизорите се произведуваа во сопствена фабрика во Кина, а Владимир Бркљача, раководител со овој бренд, вели дека одлучиле производството на телевизори целосно да го преселат во Хрватска, пишува Пословни дневник.

Марката Vivax на компанијата е создадена 2003 година и ги опфаќа сегментите од електроника до мали апарати за домаќинство, телевизори и аудио техника, па се до таблети и паметни телефони.