Од Управата за јавни приходи потсетуваат дека утре истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава.
До денеска се поднесени вкупно 316.756 годишни даночни пријави, од коишто 1.530 се поднесени по електронски пат. Најголем дел од даночните пријави се поднесени во Контакт центарот на УЈП (77.866).
Најмногу годишни даночни пријави, според даночните канцеларии по градови, има поднесено во Штип – 86.999.
“За да се избегнат метежите на граѓаните кои се регистрирани корисници на е – Даноци им препорачуваме своите пријави да ги поднесат по електронски пат. Истовремено, потсетуваме дека работното време на даночните канцеларии на УЈП е од 8:30 до 18:00 часот, додека работното време на Контакт центарот на УЈП е од 09:00 до 20:00 часот“, стои во соопштението на УЈП.