Британска ИТ компанија отвора втора канцеларија во Македонија

27

Британската ИТ компанија Алокејт софтвер денеска отвора втора канцеларија во Македонија, со којашто ја проширува работата на македонскиот пазар каде е присутна од пред една година со центар за развој на апликации, пишува Миа.

Алокејт софтвер, со седиште во Лондон и канцеларии во Сиднеј и Стокхолм, нуди услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила. Нивните решенија се користат во над 700 организации во јавниот и во приватниот сектор, а дел од нивните корисници се НАТО и Британската армија.

Според првичната најава на компанијата, во канцелариите во Македонија треба да бидат вработени 50 програмери и да бидат инвестирани пет милиони евра.

Плановите за проширување на работата во Македонија ги најави во јануари годинава извршниот директор на Алокејт софтвер Иан Бишоп.