Wheela е урбано и иновативно превозно средство што ги комбинира предностите од велосипед и скутер, а во исто време е лесно и преносливо.
“Wheela е неспоредливо полесен и помал од велосипед и поудобен од скутер. Седите додека возите, а може и да застанете или да направите пауза во седечка положба. Може да се собере за една секунда и лесно да се носи за едно рамо“, пишува на официјалната страница на Wheela.
Потребно е да се земе залет со едната нога, а штом се постигне потребната брзина, ногата се става на подлогата и уживањето во возењето може да почне.
Wheela во овој момент нуди можност за пред – нарачка. Првите 1.000 вакви превозни средства ќе бидат направени според желбите и барањата на купувачите и ќе бидат произведени во Европа. Цената на Wheela е движи од 289 до 599 долари.
Зад овој старт – ап стои тим составен од членови од Словачка, Чешка и САД. Најголем дел од нив живеат во Братислава, каде што беше и создадена Wheela.