Google воведува фиксна телефонија – Fiber Phone

49

google-fiber-phoneGoogle е веќе познат по услугите што ги нуди, корисниците веќе ги користат неговиот интернет и телевизија, па компанијата реши да додаде уште една услуга, пишува Komando.

Станува збор за фиксна телефонија што засега е достапна само во неколку места во САД. Целта на Google е да ги спои овие три услуги и тврди дека фиксните телефони и понатаму се важен аспект за голем број на корисници.

Како што велат од компанијата, оваа услуга ќе чини само 10 долари месечно, а корисниците ќе добијат неограничени локални и национални разговори и поволни тарифи, како и Google voice за меѓународни повици.

Ќе може да се задржи стариот број или пак да се одбере нов. Освен тоа корисниците ќе имаат можност да ја користат функцијата повик на чекање, идентификација на броевите и линиите за помош (911).