Интернет во работно време ја чини економијата на САД 650 милијарди долари

68

Злоупотребата на интернетот на работното место и нанесува на американската економија штета од 650 милијарди долари годишно.
Голем дел од вработените во државните институции или во приватниот сектор користат во работно време интернет за лични потреби. На секои десет минути тие одговараат на електронски писма на свои пријатели и роднини, а водат “исполнет живот” во социјалните мрежи.
На работното место Американците најчесто комуницираат на социјалните мрежи, меѓу кои најпопуларни се Фејсбук и Твитер.
Социолозите пресметале дека просечниот американски корисник го поминува на Фејсбук по 405 минути месечно, а на Твитер – 89 минути.