Шведскиот дизајнер Микаел Келман создаде велосипед со електричен мотор што може да се вози во секакви временски прилики и е многу поудобен од традиционалните возила, пишува Paultan. Неговиот изум се вика PodRide, а истиот е максимално практичен и забавен за патување.
Овој необичен велосипед има четири тркала, краток радиус на вртење (1,75 метри) и може да помине 24 километри за еден час. PodRide е многу мал, но има висина колку еден автомобил и место за багаж. Освен тоа, за него може да се прицврсти и приколка, а кога е топло страничните прозорци се отвораат за возењето да биде попријатно.
Неговата тежина е 70 килограми, а радиусот на тркалата овозможува возилото да се движи и по велосипедски и автомобилски патишта. PodRide е моментално прототип и доколку се соберат доволно пари за производство, истиот ќе чини помеѓу 2.000 и 3.000 евра.