Британскиот автомобилски гигант Jaguar ја одбра Црна Гора за тестирање на првиот теренец во историјата на компанијата, пишува Оногошт.ме.
Новиот теренски автомобил Jaguar F – Pace го поминува тест периодот на крајбрежјето на Солено езеро, во Никшиќ, каде што претставници од Jaguar со денови ги анализираат перформансите на ова возило.
Трансмисијата на новиот Jaguar F – Pace беше развивана во соработка со Land Rover, којшто е еден од најдобрите кога е изработката на теренците во прашање.
“Се вози како спортски автомобил, звучи како спортски автомобил, брз е како спортски автомобил, така што сум навистина импресиониран. Во овој сегмент има голема конкуренција, како што е Porsche, Audi и Mercedes, а за Jaguar ова е прв од ваков вид. Бев многу љубопитен и сега сум задоволен“, вели Марк Ван Лоо за Al Jazeera Balkans, кој е еден од 700-те новинари од целиот свет кои го следат тест возењето.
Основната верзија на овој автомобил е 47.000 евра.















