Askey – додаток што потсетува дали вратата е заклучена

24

askey

“Дали заклучив” е најчестото прашање што си го поставуваме штом заминеме од дома. Британски старт – ап го дава одговорот на ова прашање на паметен начин, преку посебен додаток за клуч и мобилна апликација.

Станува збор за уредот Аskey, којшто лесно се прикачува за клучевите и ја следи нивната употреба и место каде се наоѓаат во одреден момент. Во Askey има сензор што го следи движењето на клучот и ги ажурира податоците преку посебна апликација.

Овој уред може да функционира и самостојно без мобилната апликација, па корисникот во секое време може да провери дали заклучил или ја оставил вратата отворена. Мобилната апликација, освен што го следи клучот, ги забележува и податоците дали и цимерите или членовите од семејството го заклучиле домот.

Askey се најде на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде бара поддршка од 36.000 британски фунти (околу 46.200 евра).