Koç Holding е најпопуларната компанија за 2015 година во Турција, а зад неа се операторот Turkcell и произведувачот на апарати за домаќинство Arçelik, според турскиот месечник Capital.
Во своето истражување, бизнис магазинот ги именуваше најпопуларните 20 турски компании, како и најпопуларните компании во 36 сектори, пишува Хуријет.
За анкетата се контактирани вкупно 1.602 извршни директори од повеќе од 700 компании. Критериумите според кои се оценувани компаниите се нивните активности во насока на зголемување на задоволството на потрошувачите, задоволството на вработените, посветеноста на правилата на корпоративното управување и фокус на производи и услуги со висок квалитет.