Реплек за три месеци прокнижи добивка од 10,7 милиони денари

40

replek

Компанијата Реплек, во првиот квартал од 2016 година, прокнижи добивка од 10.727.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата работеше со добивка од 19.193.000 денари.

“Консолидираната оперативна добивка за периодот од први јануари до 31-ви март 2016 година на Реплек АД Скопје изнесува 13.394.000 денари. Оперативните приходи изнесуваат 172.580.000 денари, а оперативните расходи изнесуваат 159.734.000 денари и бележат намалување во однос на истиот период претходната година. Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 47% во вкупните оперативни приходи и се намалени за 12% во однос на истиот период претходната година. Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 13.597.000 денари“, стои во Образложението кон неревидираниот консолидиран и посебен биланс на успех.