Албански агрономи заинтересирани за македонскиот лозов калем

58

lozi-529x272Албански универзитетски професори, претставници на албанското министерство за земјоделство, како и земјоделци од Албанија го посетија неготинското село Тимјаник за да се запознаат со бизнисот на семејството Мојсовски, кое произведува сертифициран лозов калем.

“Нашата земјоделска компанија Агро-калем веќе неколку години успешно се занимава со производство на лозови калеми за потребите на лозарството во земјава. Гостите од Албанија посебно се интересираат околу производството на расадот за лозовите садници. Сакаат нашето искуство да го пренесат во сопствената земја, рече сопственичката на Агро-калем, Васе Мојсовска.

Посетата на албанската делегација на Тимјаник беше организирана од албанското министерство за земјоделство.