Solid Denim е посебна линија на очила на сонце од британската компанија Mosevic. Она што ја разликува од останатите е тоа што рамките се изработени од рециклиран тексас.
На местата каде лежат, односно на носот и ушите, нанесени се повеќе слоеви од овој цврст и издржлив материјал, дополнително збогатени со смола којашто придонесува за стабилноста на рамките.
Како и сите производи на Mosevic, така и овие очила се рачно направени во нивната работилница во Корнвол, Англија. Поларизираните леќи се дело на германската компанија за оптички инструменти Zeiss, а според извршниот директор на Mosevic, Џек Спенсер секој пар од очилата е уникатен во однос на облик, боја и текстура.
Цените започнуваат од 204 долари па нагоре.