Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар во мај оваа година се повисоки за 0,8% на месечно ниво и 0,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во мај 2016 година, во споредба со април 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,5% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1%, додека во групата Капитални производи се останати на исто ниво.
Во мај 2016 година во споредба со мај 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 7,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,9%, Енергија за 1,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3%.