Во мај оваа година се издадени 292 одобренија за градење, што е за 57% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.970.915.000 денари, што е за 13% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 163 (55,8%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11,3%) за објекти од нискоградба и 96 (32,9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 292 објекти, на 182 (62,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110 (37,7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 750 станови со вкупна корисна површина од 63.183 метри квадратни.