Mercedes-Benz го претстави својот прв самоуправувачки автобус

61

Weltpremiere: Mercedes-Benz Future Bus mit CityPilot – Meilenstein auf dem Weg zum autonom fahrenden Stadtbus

Производителот на автомобили Mercedes-Benz го претстави својот автобус на иднината којшто може да се управува сам, пишува Dezeen. Возилото неодамна го направи и своето прво патување по 20-километарска патека во Холандија. Автобусот, освен што може да вози сам по соодветни патишта, со помош на камери, радари и GPS системи ги препознава сообраќајните светла и автоматски застанува на станиците.

Возењето е овозможено од технологијата CityPilot – самоуправувачки систем базиран на Highway Pilot, технологија од нивниот самоуправувачки камион Actros претставен пред две години.

Автобусот, исто така, има и автономен систем на кочење што препознава пречки на патот, како пешаци. Обоени светлосни ленти на надворешноста сигнализираат на кој начин се движи возилото – бела боја кога го вози шофер и сина кога автобусот сам управува. Излезите се обележани со црвена боја, а влезот со зелена.

Внатре автобусот е поделен во три зони, сервисна зона напред, експресна во средината за патници на кратки релации и зона за патници на подолги патувања.

Weltpremiere: Mercedes-Benz Future Bus mit CityPilot – Meilenstein auf dem Weg zum autonom fahrenden StadtbusWeltpremiere: Mercedes-Benz Future Bus mit CityPilot – Meilenstein auf dem Weg zum autonom fahrenden Stadtbus