Почнува со работа во американската компанија Гентерм во Прилеп

31

Фабриката на американската компанија од автомобилската индустрија Гентерм, денеска почнува со работа во технолошко индустриската развојна зона во Прилеп, јавува Миа.

Инвестицијата, како што се наведува, ќе биде 20 милиони евра и планирани 2.000 вработувања.

Гентерм во капацитетот во Прилеп ќе произведува термални системи за автомобили и други уреди, наменети за извоз на европскиот пазар, според најавите, за големи автомобилски гиганти/

Менаџментот на компанијата најави дека во прилепската фабрика ќе донесе врвна технологија за производство на делови за регулирање на температура во автомобилите.

Дел од ангажираните вработени веќе поминаа обука во капацитетите на Гентерм во Украина.