Делегација на Светската туристичка организација во посета на Македонија

91

20110414utms-seminar360x248Делегација на Светската туристичка организација, која функционира во рамки на Обединетите нации, денес и утре ќе го посети Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Делегацијата е составена од три члена, извршниот директор на придружните членки на организацијата, Јоланда Пердомо, експертот по односи со јавност Хозе Гонзалез Ривера и заменик-генералниот директор на фирмата Кетчум.

Планирано е делегацијата да се сретне со раководството на Универзитетот, како и со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски со кого треба да разговара за промоција на проектот Ски центарот Водно.

Од Универзитетот за туризам и менаџмент најавена е и средба на делегацијата со владини претставници на која меѓу другото ќе се разговара и за продлабочување на соработката меѓу Македонија и оваа организација во областа на туризмот