Koda – подвижен микро дом што се инсталира за седум часа

87

koda-kodasema-1Kodasema, компанија со седиште во Естонија, креираше микро монтажен дом од бетон што може да се постави на одредени место за само седум часа, а потоа релативно лесно да се помести на друга релација. Штом истиот ќе биде претставен на пазарот се очекува да чини околу 100.000 евра, без вклучени трошоци за транспорт, пишува Gizmag.

Куќата, наречена Koda е изградена од бетон и се транспортира во монтажни делови, па кога ќе пристигне на местото лесно се склопува. Во целиот дом има само девет кубни метри бетон. Не се потребни темели и може да се постави на песок, асфалт и други рамни површини. За да се премести домот на друго место потребно е само кран и камион.

Куќата зафаќа површина од 30,3 метри квадратни, има голема дневна соба и кујна на долниот кат, бања со када и туш кабина. На горниот кат, до којшто водат внатрешни скали, се наоѓа малечка спална соба и перална. Домот е специјално дизајниран и штеди за греење, ладење и електрична енергија.

Компанијата, исто така, бара начини да конструира модели што ќе можат да се користат како училница, кафетерија, канцеларија, работилница, вклучувајќи и мебел во самиот пакет. Koda домовите се очекува да почнат да се продаваат од следната година.

koda-kodasema-27koda-kodasema-25koda-kodasema-23koda-kodasema-5koda-kodasema-24koda-kodasema-22