ЕЛЕМ го одржува водостојот на акумулациите на безбедно ниво

72

DA53A9C54B7AA04792C39729B860B3D3Од АД Електрани на Македонија соопштуваат дека состојбата поради обилните врнежи и зголемениот дотек на вода внимателно се следи и се преземаат превентивни мерки за целосно прифаќање и искористување на хидропотенцијалот што се слева во хидроакумулациите.

Се превземаат максимални мерки за хидроелектраните целосно да ја обработат водата која надоаѓа во акумулациите, и при тоа да се одржува водостојот на дозволеното и безбедно ниво.

“За таа цел се оптимизира процесот на производство на електрична енергија, односно зголемено е ангажирањето на хидрокапацитетите како максимално би се искористиле хидропотенцијалите, додека намалено е производството од термокапацитетите со цел на зачувување на јагленот како енергенс за производство на електрична енергија и намалување на трошоците за производство”, велат од ЕЛЕМ.

За да се намалат трошоците на производство и зачувување на јаглен, исклучена е термоелектраната Осломеј, а во наредниов период, во зависност од потребите и расположливиот хидропотенцијал, производството на трите термоблокови во РЕК Битола дополнително ќе се оптимизира.

“Нивото на Охридското Езеро во согласност со мерењата на АД ЕЛЕМ и УХМР, само во последните 48 часа е зголемено за осум сантиметри, но е под максимално утврдената работна кота на езерото. АД ЕЛЕМ превзема мерки за намалување на нивото со координирана работа на хидроелектраните Глобочица и Шпилје”, велат од ЕЛЕМ.

Од АД ЕЛЕМ додаваат дека акумулацијата Маврово е исполнета со околу 49% од целиот капацитет, езерото Тиквеш 85,17%, додека акумулацијата Козјак е на ниво од 70,83% исполнетост.