Раде Кончар апаратна техника од први јануари до 30-ти јуни оваа година работеше со добивка од 4.071.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.
Првото полугодие лани за компанијата заврши со добивка од 1.709.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од 2016 година беа 115.487.00 денари. На домашен пазар отпаѓаат 72.913.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 42.574.000 денари.