Компанијата за производство на хартија и амбалажа ДС Смитх, од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 4.345.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 12.872.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2016-та изнесуваа 285.416.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се остварени 184.375.000 денари, додека остатокот од 101.041.000 денари е реализиран на пазари во странство.