Во Лондон се гради зграда што ќе стимулира сетила

64

London-Centre-for-Children-with-Cerebral-Palsy-by-ph-architects-2-889x607Архитектонското студио pH+ architects планира да изгради нов објект во рамки на Центарот за целебрална парализа во Лондон, којшто ќе обезбеди безбедна околина што ги стимулира сетилата преку звуци, миризба, светлина и допир.

Зградата ќе стане место каде дечињата коишто ја имаат оваа болест на еден интересен начин ќе можат да ги вежбаат своите движења, пишува Inhabitat. Можеби најинтересен дел од целиот проект е самата зграда што може да се свири како гигатнски ксилофон. Градбата ќе обезбеди цела низа нови услуги што ќе го трансформираат начинот на којшто добротворните организации работат со децата и пошироката јавност.

London-Centre-for-Children-with-Cerebral-Palsy-by-ph-architects-1-1020x610

Центарот ќе вклучува серии на стимулативна околина, рампи, надворешни пешачки патеки, терапевтски центри како базен за хидротерапија, соби за состаноци и јавни простории. Ќе има и посебен оддел каде родителите и стручните лица ќе можат да се состануваат по потреба и да ги решаваат деликатните прашања.

Надворешниот дел, за којшто ќе се погрижи BD Landscape Architects, ќе вклучува градини и специјални места за игра што ќе ги стимулираат сетилата, како градина за авантури, сетилна градина, кујна од кал, градини што растат, ритче на змејот и амфитеатар.