Хрватска добива вагон којшто нема потреба од локомотива, а најмногу ќе се употребува при транспорт на материјали за изградба и реконструкција на железничка инфраструктура, пишува ХРТ.
Во проектот се вложени околу 900.000 евра, а половина од нив ги обезбеди Европската унија преку програмата за еколошки иновации. Самоуправувачкиот вагон доби потврда и од Европската канцеларија за патентирање.
Вагонот е претставен и на Светскиот саем за сообраќајна технологија во Берлин.