Paris Navigating Gym е фитнес центар сместен на брод, којшто ќе произведува енергија од луѓето кои ќе вежбаат на справите, пишува Contemporist.
Овој фитнес центар ќе плови долж реката Сена во Париз и ќе произведува енергија којашто е неопходна за движење на моторите на бродот.
Луѓето на справите пред себе ќе имаат екрани на коишто ќе може да се види колку енергија создаваат со своето вежбање. Не само кинетичка, овој брод ќе ја користи и соларната енергија преку фотонапонски ќелии што ќе бидат поставени на покривот на бродот.
Пловниот фитнес центар ќе биде долг 20 метри, ќе има капацитет од 45 патници, а дизајнот му е ист како на традиционалните туристички бротчиња што пловат по Сена.
На овој проект заеднички работат студиото Carlo Ratti Associati, компанијата за производство на фитнес опрема, Technogym, непрофитната организација TerreformONE и институтот URBEM.