Агромеханика во 2016 година оствари 58,8 милиони денари добивка

34

agromehanika-300x119

Агромеханика, од први јануари заклучно со 31-ви декември 2016 година, работеше со добивка во висина од 58.887.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период во 2015 година, компанијата прикажа загуба од 2.380.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на 2016 имаа вредност од 68.368.000 денари, додека на крајот на 2015 година на оваа сметка имаше салдо од 9.764.000 денари.

Основна дејност на Агромеханика е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.