Пораст на продажните цени на индустриските производи во декември

39

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во декември се повисоки за 1,4% на месечно ниво, а за 1,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2016, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,6% и во секторот Преработувачка индустрија за 1,1%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2%.

Во декември 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9,9%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4%.