Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во јануари оваа година, се пониски за 0,5% на месечно и 0,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во јануари 2017, во споредба со декември 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9%, Енергија и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%.
Во јануари 2017 во споредба со јануари 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6% и Капитални производи за 0,5%.