TravelShades – очила против мачнини од патување

46

ocila-za-patuvanje

Фото: Indiegogo

TravelShades се специјални очила коишто му помагаат на корисникот да ги надмине мачнините додека патува.

Станува збор за очила со специјално дизајнирани леќи кои му дозволуваат на окото да регистрира светлина, но не и движење. На тој начин се поедноставуваат визуелните сигнали што се испраќаат до мозокот и на тој начин се намалуваат симптомите на гадење и мачнини при подолги патувања со автомобил, авион, автобус…

Британскиот старт – ап на иноваторот Тим Флексмен, веќе изработи ваков модел на очила за возрасни, а сега во план е изработка на исти вакви очила и за деца. Од таа причина на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, бара поддршка од 50.000 фунти (над 57.600 евра).

Овие очила, освен за патување, може да ги користат и луѓе чија работа е поврзана со слики кои брзо се движат.