Фото: Nikolay Frolochkin / Pixabay
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2015 година, изнесува 1.713.560.000 евра, покажуваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2015, изнесува 70,5%.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – декември 2015 година, изнесува 4.087.584.000 евра, и бележи пораст од 9,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.801.144.000 евра што е за 5,4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари – декември 2015 година, според вкупниот обем на надворешно – трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Србија, Велика Британија, Грција и Бугарија.