Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во февруари

40

plan-gradezen-pixabay

Фото: Pixabay

Во февруари оваа година се издадени 363 одобренија за градење, што е за 8,4% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.369.524.000 денари што е за 8,5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 265 (73%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (6,9%) за објекти од нискоградба и 73 (20,1%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 363 објекти, на 280 (77,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 (22,9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 72.177 метри квадратни.