Фото: Pixabay
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 1,3 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2017 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2016 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и оценката за финансиската состојба, се поповолни во однос на претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2017 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 20,7%, нема побарувачка со 17%, конкуренција во сопствениот сектор со 10,6% и неповолни временски услови со 10,1%.