Повисоки продажните цени на индустриските производи во февруари

25

industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во февруари оваа година, се повисоки за 0,8% на месечно и 4,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2017, во споредба со јануари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,6%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,8%.

Во февруари 2017, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 30%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7%.